Токму овој предмет наречен машински материјали,ни овозможува да се запознаеме со својствата,карактеристиките,особините на многу материјали кои се користат во машинството.Литературата од која се служиме,сите тие презенатции изработени од професорите за олеснување и подлабоко разјаснување на материјата ни се приложени и на страната на универзитетот "Гоце Делчев".http://ugd.mk/index.php/en/
Sunday, December 15, 2013
Ново сребро
Новото сребро или уште се нарекува никел сребро,всушност претставува легура на бакар,цинк и никел.Тоа има карактеристична сребренеста боја,а се одликува со добра ливливост,пластичност,антикорозивност и има добри механички особини.Се користи за изработка на разни делови со гмечење или леење: пружини во електроиндустријата,арматура,цевки,а најмногу за украсени елементи.
сребрена огрлица |
Месинзи
Месинзите се легури на бакар со цинк,во кои има и други легирачки елементи.Од количината на цинк зависи нивната боја.Легурите со содржина на 98 % бакар имаат карактеристична бакарна боја.Понатаму со зголемувањето на содржината на цинк ,бојата на легурите се менува од црвеникаво-кафеава,жолта,ветло жолта,па се до сиво-бела боја.Тие имаат добра антикорозивност во атмосферски услови и во сува пареа,а одлична во органски соединенија(на пример фреон).
https://www.google.com/search?q=%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B3&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=yrGtUpqPKqW_ygPhpYHoAg&ved=0CAcQ_AUoAQ&biw=1024&bih=605
https://www.google.com/search?q=%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B3&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=yrGtUpqPKqW_ygPhpYHoAg&ved=0CAcQ_AUoAQ&biw=1024&bih=605
Бакарни легури
Бронза е назив за голем број легури на бакарот, најчесто со калај, но и со други елементи како што се фосфор,манган,алуминиум и силициум. Пред да биде откриено железото, бронзата била најважна суровина за изработка на орудија, па според неа и бронзеното доба го добило своето име.
- Кога зборуваме за бронза обично се мисли на калајната бронза .Сите други бронзи,поточно нивните имиња се добиваат според главниот легирачки елемент.На пример фосфорна бронза,алуминиумска бронза..итн.
Subscribe to:
Posts (Atom)